Почетна Македонија Албанија ја исправи грешката на пописните резултати сега пишува Македонци

Албанија ја исправи грешката на пописните резултати сега пишува Македонци

од nenad
1 минути читај за

Институт за статистика денеска го корегираше името па наместо Северномакедонци како што беа запишани во пописните резултати сега пишува Македонци за сите оние албански државјани што се изјасниле како Македонци. Промената доаѓа по реакцијата на македонското Министерство за надворешни работи (МНР) и средбата на министерот Тимчо Муцунски со неговиот албански колега Хасани на форумот во Дубровник.

Заедно со претседателот на Владата Мицкоски ја следевме ситуацијата. Имавме во неколку наврата комуникација и со службите во министерството за надворешни работи. Утврдивме некои прашања за кои што како држава имаме сериозна грижа, тие беа денес и јавно воочени во објава која што ја имаше од страна на МНР. Тука е и колегата Хасани, албанскиот министер за надрворешни работи. Стапив во контакт со него. Тој потоа стапи во контакт веројатно со соодветните служби во соседна Албанија. Информираше дека по однос на тоа прашање се работело за техничка грешка. Исрено ќе кажам дека сум му благодарен за брзата интервенција, изјави министерот за надверешни работи Тимчо Муцунски.

 


Post Views:
106

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING