ЈП Комунална хигиена-Скопје од денеска до 01.09.2024 година ќе реализира акција за собирање кабаст отпад во општината Чаир. Жителите на оваа скопска општина во наведениот период ќе можат да го одложат својот стар неупотреблив мебел и покуќнина во специјалните садови поставени на следните локации:
1. Раскрсницата меѓу бул. Цветан Димов и ул. Коста Абрашевиќ;
2. Ул. Ферид Мурад, до средното училиште Цветан Димов, кај Топлана Север;
3. Ул. Крсте Асенов бр. 5 кај контејнерите (до чајџилница Пајтон);
4. Раскрсницата меѓу ул. Дижонска и ул. Втора македонска бригада (кај контејнерите).