Најдобриот тенисер на сите времиња доби уште еден мурал, овој пат на ѕидот на основното училиште „Алекса Шантиќ“ во белградската населба Калуѓерица.
Заедно со ликот на Новак насликан на српското знаме, авторот напиша и трогателна порака:
„Српски витез. Како што сме денес, ќе бидеме засекогаш“, пишува покрај ликот на Новак, додека на дното на муралот е испишан само еден збор:
„Патриот“
Иако ова не е прв, а секако не и последен мурал посветен на Новак (граѓаните на многу градови во Србија, но и во регионот, му оддадоа почит и благодарност за сè што направи и прави за српскиот народ), оваа е посебна.
Имено, познато е колку Фондацијата Новак Ѓоковиќ се грижи за иднината на децата, а сега ликот на Новак го краси ѕидот на едно основно училиште.